Македонија

Утрово спасувачка акција кај манастирот Св. Илија во Струмица, мајка и дете паднале во провалија

Утрово спасувачка акција кај манастирот Св. Илија во Струмица, мајка и дете паднале во провалија

Во раните утрински часови, околу 05.15 часот, тим од пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица интервенираше во извлекување на мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема безбедно ги извлекоа двете лица од непристапниот терен и ги предадоа на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

„Благодарение на брзата, професионална и координирана интервенција, спасувачката акција беше успешно завршена.

Апелираме до сите граѓани кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да се движат внимателно, особено во раните утрински и ноќните часови по стрмни и непристапни делови од теренот.

ТППЕ Струмица – секогаш подготвени да помогнеме и да спасуваме човечки животи“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни