4NEWS.mk

Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска ќе ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.

Целта на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство во Западен Балкан и Турција е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство, како и да се зголеми видливоста на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“.

Партнери во спроведувањето на проектот се Балканската истражувачка репортерска мрежа и осум медиумски организации од регионот. Како дел од конзорциумот, активностите во Северна Македонија ги координира Независниот синдикат на новинари и медиумски работници. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни