Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за „Хит на неделата“, вториот канал на Македонското радио (Радио 2 МРТ) се соочи со незапомнет интерес и стотици пораки од слушатели кои се обидуваа да откријат која е песната што ги освои нивните симпатии.
Поради огромниот број прашања на нивните профили на Facebook, Instagram и преку електронска пошта, од редакцијата на Радио 2 излегоа со јавно објаснување за каков феномен всушност станува збор.
Музички феномен што апликациите не можат да го препознаат
Станува збор за нумерата со наслов „Te Amo, Ti Amo“, која до минатата недела воопшто не била јавно објавена. Слушателите кои се обиделе да ја идентификуваат преку популарните апликации за препознавање музика, како што се Shazam, SoundHound или Musixmatch, останале со празни раце.
Редакцијата открива дека зад оваа загадочна песна стои вештачка интелигенција (AI). И покрај сите обиди на тимот да ископа повеќе детали за нејзиниот автор или потекло, дополнителни информации засега нема.
Од тука се поставува прашањето како песната стигната до Радио 2 или дали песната е генерирана од Радио 2?
„Не можевме ни да замислиме дека една песна ќе направи толку големо возбудување кај слушателите… Песната не е објавена јавно, не можете да ја најдете на интернет и не ја препознаваат апликациите за аудиоинпресија“, истакнуваат од Радио 2 МРТ.
Технички новини и модернизација на програмата
Покрај разјаснувањето за музичкиот мист-хит, од Радио 2 МРТ најавуваат и значајни технички унапредувања за своите верни слушатели.
- Имплементација на метаподатоци (Metadata): Во тек е фаза на интегрирање на нови податоци на нивните стриминг-канали.
- Визуелен приказ: На екраните на уредите наскоро ќе се прикажуваат точни информации за тековната песна, проследени со соодветен графички приказ и детали за содржината што се емитува.
- Најава за нови изненадувања: Од националниот сервис порачуваат дека подготвуваат и други новини кои дополнително ќе го подобрат корисничкото искуство.