Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни