Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа во помош за гаснење на пожарите во Мариово

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа во помош за гаснење на пожарите во Мариово

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргна кон Мариово, каде ќе помогне во справувањето со големиот пожар што го зафати регионот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека помошта е испратена на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го заштитиме секој човечки живот, секој дом и секоја педа од нашата татковина“, порача Ѓорѓиевски.

Тој им посака безбеден пат на скопските пожарникари и упати благодарност до сите пожарникари и други служби кои се на терен и се борат со пожарите низ земјата.

Од Град Скопје велат дека ќе продолжат да помагаат таму каде што има потреба од дополнителни сили и опрема за справување со огнената стихија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни