Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец поскапе за 177 денари

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец поскапе за 177 денари

Трошоците за основните животни потреби повторно бележат раст, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари, што е за 177 денари повеќе во споредба со јулската вредност.

Според ССМ, во јули минималната синдикална кошница изнесувала 68.498 денари, што значи дека за само еден месец се потребни дополнителни 177 денари за покривање на минималните трошоци.

Најголем дел од семејниот буџет и во август оди за храна и пијалаци. За овие потреби се потребни 25.032 денари месечно.

Следен поголем трошок е образованието, за кое се издвојуваат 7.192 денари, додека за облека и обувки се потребни 6.511 денари.

За станарина, вода, електрична енергија и греење се пресметани 6.370 денари, за транспорт 5.175 денари, а за ресторани и хотели 4.131 денар.

Дополнително, за комуникации се потребни 3.677 денари, за хигиена 2.692 денари, а за здравје 1.196 денари.

Сепак, доколку едно четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен износ е значително повисок. Во тој случај, синдикалната минимална кошница за август достигнува 84.050 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни