Македонија

„Сејф Сити“ евидентирал над 310 илјади прекршоци, најголем дел за пребрзо возење

„Сејф Сити“ евидентирал над 310 илјади прекршоци, најголем дел за пребрзо возење

Повеќе од 310 илјади сообраќајни прекршоци се регистрирани во системот „Безбеден град“ од неговото воведување до 20 август годинава, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, системот евидентирал вкупно 310.865 прекршоци. Најголем дел од нив, односно 301.835, се однесуваат на возачи кои управувале со возило со брзина поголема од дозволената.

Значаен дел од прекршоците се однесува и на возила со странски регистарски ознаки. Од почетокот на функционирањето на „Безбеден град“ до 20 август, регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци сторени со возила со странски таблици.

Само во периодот од 19 до 20 август, системот регистрирал 5.514 прекршоци кај возила со странски регистарски ознаки.

Од МВР повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни прекршоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни