Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје.
Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и од Единицата за интервентна полиција излегле на местото и утврдиле дека било пукано кон патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки.
Во возилото се наоѓале И.И. (34) и Ш.И. (42), кои се здобиле со повреди. Тие биле пренесени во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на вооружениот напад.