Македонија

УХМР предупредува: Попладне локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

УХМР предупредува: Попладне локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Сончевото и топло време што се очекува претпладне денеска, попладне ќе биде заменето со нестабилна временска состојба. Од УХМР предупредуваат на локално невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, во текот на попладневните часови на места ќе има услови за појава на невреме, при што локално се очекуваат поинтензивни врнежи, силен ветер и можност за град.

Нестабилноста ќе продолжи и во наредниот период. Послаби услови за краткотрајно невреме се очекуваат и утре попладне, како и кон крајот на денот.

Во Скопје, според УХМР, денеска попладне и утре во вечерните часови во одделни делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни во периодите кога ќе има интензивни атмосферски процеси, особено при движење на отворено и во сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни