Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна на неодговорни поединци. Иако пламенот претходно бил целосно изгаснат, сторителите повторно запалиле долга линија која брзо се проширила.
„За жал, некои злобници од користољубие или осветнички мотиви упорно го палат пожарот. Со ваквото поведение тие директно го ризикуваат животот на жителите од околните села под Китка“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој упати апел до локалното население за зголемена будност, посочувајќи дека постојат индиции оти потпалувачите се токму од тој регион. Сите надлежни државни служби веќе интензивно работат на откривање на нивниот идентитет, со цел сторителите што поскоро да бидат изведени пред правдата.
Инаку, борбата со огнената стихија за спас на селото Палиград траеше во текот на целата измината ноќ.
Инаку, како што вели Ангелов, гасењето ќе продолжи утре наутро со ер трактори.