Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:00 часот

На ден 27.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 2 се под контрола, а 11 се изгаснати.

Активни пожари – 9:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково, мешана шума;
Општина Сарај – с. Копаница, мешана шума;
Општина Петровец – с. Долно Коњаре, ниска вегетација;
Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и смреки;
Општина Градско – с. Подлес, ниска вегетација;
Општина Босилово – с. Старо Балдовци, депонија и ниска вегетација;
Општина Брвеница – с. Челопек, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Куново, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Дебреште, ниска вегетација.

Пожари под контрола – 2:
Општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново во Општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат;
Општина Делчево – депонија, ѓубре.

Изгаснати пожари – 11:
Општина Струга – с. Франгово, нискостеблеста шума и ниска вегетација;
Општина Струга – с. Ливада, ниска вегетација и стрниште;
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума;
Општина Демир Хисар – с. Кутретино, депонија;
Општина Неготино – помеѓу Неготино и Кавадарци, ниска вегетација;
Општина Струмица – с. Куклиш, депонија;
Општина Струмица – с. Свидовица, ниска вегетација и грмушки;
Општина Тетово – православните гробишта, средна мешана шума со багрем и костен;
Општина Брвеница – с. Стрмница, ниска вегетација;
Општина Куманово – нас. Баново Трло, ниска вегетација;
Општина Крива Паланка – с. Муждовњак, стрниште.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни