Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација. Ова е еден од двата најголеми пожари регистрирани во текот на денешниот ден.

Огнот во моментов не ги загрозува населените места.

Тетовските противпожарни екипи, заедно со локални ловци кои добро го познаваат овој тешко пристапен терен, се обидуваат да стигнат до линијата на огнот и целосно да го стават под контрола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни