Македонија

Гласна музика во охридски хотел: Ја надминале дозволената бучава, полицијата поднесе пријави

Гласна музика во охридски хотел: Ја надминале дозволената бучава, полицијата поднесе пријави

На 28.08.2026 во 01:34 часот, во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика од хотелско-угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид.

По преземени мерки според правилникот за примена на индикаторите за бучава и правилникот за локации на мерните станици и мерните места, полициските службеници извршија мерење и испитување на јачина на бучава со фонометар и притоа констатирале 40 децибели јачина на звук, што значи надминување на дозволената граница од 35 децибели.

По целосно документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни