На 29.08.2026 околу 02:00 часот во СВР Тетово, М.Д.(29) од с.Желино, тетовско, пријави дека во селото, додека бил со неговите другари А.Б., И.Р., Р.Х., и Р.Џ., сите од с.Желино, Р.Ш. од с.Желино, со кого претходно имал недоразбирања, дошол до нив држејќи нож во рака, а потоа извадил и репетирал пиштол и го вперил кон пријавителот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.