Свет

Естонски разузнавач: Путин нема добри опции во Украина, незадоволството во Русија расте

Естонски разузнавач: Путин нема добри опции во Украина, незадоволството во Русија расте

Рускиот претседател Владимир Путин повеќе нема добри опции во војната против Украина, а незадоволството од воените дејствија расте во сите слоеви на руското општество — од обичните граѓани до елитата и олигарсите, тврди шефот на Естонската надворешна разузнавачка служба (ЕФИС), Каупо Росин, во интервју за британски „Телеграф“.

Според Росин, продолжувањето на војната носи сè поголеми воени, економски и политички ризици за Кремљ, додека нејзиното запирање би можело да се протолкува како знак на слабост. Тој посочува дека руските загуби на боиштето го надминуваат бројот на новорегрутирани војници, а економскиот притисок се зголемува поради санкциите и украинските напади врз нафтената инфраструктура.

Иако не очекува улична револуција во Русија, шефот на естонското разузнавање истакнува дека во влијателните кругови веќе се разгледуваат различни сценарија за крај на војната, предупредувајќи дека промените во рускиот политички врв би можеле да се случат ненадејно. Покрај тоа, Росин оцени дека воената закана за земјите од НАТО останува ниска во следните 12 месеци, но предупреди на засилени руски саботажи и хибридни напади во Европа, кои ги оквалификува како државен тероризам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни