Балкан

Невреме го парализираше Кипар: Еден повреден од гром, пренасочени летови и поплавени улици

Невреме го парализираше Кипар: Еден повреден од гром, пренасочени летови и поплавени улици

Силно невреме следено со поројни дождови, град и силен ветар денеска предизвика хаос и материјална штета низ Кипар, а температурите на островот нагло паднаа за 10 степени, јавува МИА.

Во близина на Ларнака, 45-годишен маж се здобил со изгореници по удар од гром и е хоспитализиран, додека ударите на гром предизвикаа и дефекти на електричната мрежа и прекини во снабдувањето со струја. Во близина на Аја Напа целосно е уништен туристички чамец, а во тек се акција за спасување и пренесување на копно на патниците од уште две пловила. Во меѓувреме, во морскиот акваториум кај Ларнака е забележано и торнадо.

Поради лошите временски услови, вкупно 11 летови кон аеродромите во Ларнака и Пафос беа пренасочени, а забележани се и големи доцнења во авионскиот сообраќај. Властите преку системот „CY-Alert“ испратија предупредување до граѓаните да не излегуваат без потреба и да останат во своите домови, додека метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи до крајот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни