Македонија

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со нож е повредено 13-годишно дете

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со нож е повредено 13-годишно дете
Фото: 4news.mk

Тројца скопјани се повредени во физичка пресметка што се случила синоќа во Чаир, при што бил употребен нож. Полицијата денеска приведе 19-годишник и 13-годишник, двајцата од Скопје, по што продолжува расчистувањето на случајот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тепачката се случила на 31 август околу 22 часот на подрачјето на Чаир. Во пресметката учествувале две лица од една страна и уште три лица од друга страна.

При тепачката, 13-годишникот кој е приведен употребил нож и им нанел убодни рани на тројцата учесници од спротивната страна.

Во инцидентот И.З.(19) и 13-годишник се здобиле со тешки телесни повреди, додека 16-годишникот поминал со телесна повреда.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, при што биле одземени три ножа, пендрек и други предмети кои можат да бидат поврзани со инцидентот.

Двајцата приведени се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Полицијата продолжува да ги утврдува сите околности и улогите на учесниците во тепачката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни