Македонија

50 годишен маж од струшко возел со 2,40 промили алкохол во крвта, полицијата му ги зема возилото и документите

50 годишен маж од струшко возел со 2,40 промили алкохол во крвта, полицијата му ги зема возилото и документите

На 06.09.2026 во 00:30 часот на регионалниот пат помеѓу струшките села Калишта и Радожда, лишен од слобода е Б.Б. (50) од с. Радожда, струшко.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ кое тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,40 промили алкохол во крвта.

Тој, веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возилото и возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни