Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари.
Во меѓувреме, попладнево избиле уште два пожари на отворен простор. Едниот е на територијата на Кондово, а другиот во општина Ѓорче Петров.
Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на пожарите. Поради високите температури и условите на терен, се апелира до граѓаните на особена внимателност и да не преземаат активности со кои би можело да предизвикаат нови пожари.