Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден починат Д.М.(60) од неготинско, осуденик во установата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни