Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, и неговата сопруга Снежана станаа родители на машко дете. Приновата во семејството стигна на самиот празник 8 Септември – Денот на независноста, на кој му дадоа и посебно синболично значење.
Преку емотивна објава на социјалните мрежи, Костадинов ја сподели радосната вест и му посака добредојде на својот син Никола.
„Добредојде на свет, наш Никола! Бог сакал да бидеш роден на овој прекрасен ден и засекогаш да си го славиш роденденот заедно со твојата Македонија. Да си ни жив, здрав, среќен и од Бога благословен, сине!“, напиша тој, упатувајќи честитка и за државниот празник.
Костадинов упати и јавна благодарност до медицинскиот тим од поликлиниката „Мартини“, предводен од д-р Никола Маџунков, за изразената грижа, посветеност и професионалност во овие значајни моменти за нивното семејство.