Македонија

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава
Фото: 4news.mk

12-годишно дете било физички нападнато пред куќа во Гостивар, а за случајот полицијата поднела кривична пријава против 47-годишен гостиварец.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела пријава против З.Ј.(47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 23 август 2026 година, кога пред неговата куќа З.Ј. физички го нападнал 12-годишното дете.

Од МВР не соопштуваат дополнителни детали за околностите на нападот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни