Македонија

Четири градилишта казнети во Центар поради градежен шут на јавни површини

Четири градилишта казнети во Центар поради градежен шут на јавни површини

Четири градилишта на територијата на Општина Центар се санкционирани во изминатата недела поради оставање градежен материјал и шут на јавни површини.

Инспекциските служби изрекле глоби во висина од 1.300 до 1.800 евра, поради прекршување на правилата за одржување на комуналниот ред и јавната чистота.

Од Општина Центар посочуваат дека оставениот градежен материјал и отпад го отежнувале движењето на пешаците и непреченото одвивање на сообраќајот.

„Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме на одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Од Општината апелираат до инвеститорите и градежните компании да не ги узурпираат јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да овозможат безбедно и непречено движење на граѓаните.

Инспекциските контроли на градилиштата на територијата на Општина Центар продолжуваат со засилен интензитет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни