Македонија

Трагедија во Студеничани: 35-годишник почина по струен удар

Трагедија во Студеничани: 35-годишник почина по струен удар

На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни