Македонија

Во Скопје одбележан празникот Рождество на Пресвета Богородица

Во Скопје одбележан празникот Рождество на Пресвета Богородица

Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, вечерва во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје беше отслужена празнична вечерна богослужба.

По вечерната богослужба, празнувањето продолжи со литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која помина низ централното градско подрачје.

Празничното чествување продолжува утре. Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, по што во 9:00 часот ќе биде отслужена света литургија.

Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да земат учество во торжественото одбележување на празникот посветен на Раѓањето на Мајката Божја, која според преданието се смета и за заштитничка на градот Скопје.

Рождеството на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници во Православната црква и еден од четирите празници посветени на Дева Марија. Покрај Мала Богородица, меѓу нив се и Воведението на Пресвета Богородица, Благовештение и Успение на Пресвета Богородица.

Пресвета Богородица има особено место во православната традиција и во духовниот живот на македонскиот народ. Нејзе се посветени бројни храмови, а низ вековите се пренесуваат и преданија за икони на Богородица кои верниците ги почитуваат како чудотворни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни