Македонија

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ

Стефанија Кузмановска вечерва е избрана за нова претседателка на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), на 27. Изборна конференција на младинската организација на СДСМ.

Според извештајот на Кандидационата комисија презентиран на конференцијата, пристигнале две кандидатури. Комисијата утврдила дека едната кандидатура ги исполнува сите предвидени услови, додека втората била оценета како неоснована.

По разгледувањето на кандидатурите, Кандидационата комисија едногласно ја усвоила кандидатурата на Стефанија Кузмановска, која останала единствен кандидат пред конференцијата.

Кузмановска досега ја извршуваше функцијата потпретседателка на СДММ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни