Македонија

10 возачи приведени поради безобѕирно управување, меѓу нив и малолетници

10 возачи приведени поради безобѕирно управување, меѓу нив и малолетници
Фото: 4news.mk

Полицијата во текот на изминатото деноноќие регистрирала повеќе случаи на сериозно прекршување на сообраќајните правила, при што од слобода биле лишени 10 возачи на различни локации низ државата.

Сите се сомничат за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Меѓу приведените, седум лица управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за В.М. (19), Ѓ.Ј. (22), С.У. (36) и К.П.Т. (45), сите од Велес, како и 17-годишник од скопското село Морани, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од село Присојница, општина Маврово и Ростуше.

Најмладиот од нив, 15-годишникот од Присојница, предизвикал и сообраќајна незгода.

Дополнително, со двајца малолетници од Велес бил извршен службен разговор во присуство на нивен родител, откако било утврдено дека управувале мопеди без возачка дозвола.

Полицијата привела и двајца возачи кои управувале моторни возила и покрај активна забрана за управување. Станува збор за П.Р. (61) од село Јакимово, виничко и Д.А. (33) од Скопје.

Во одделен случај, полицијата го лишила од слобода и П.Л. (70) од Кавадарци, кој управувал возило под дејство на алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возила без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни