Македонија

Синдикалната кошница над 69 илјади денари: За година дена трошоците пораснале за 4.355 денари

Синдикалната кошница над 69 илјади денари: За година дена трошоците пораснале за 4.355 денари

Потребниот минимален месечен буџет за едно четиричлено семејство во септември достигна 69.432 денари, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница што ги објави Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во споредба со септември минатата година, кога кошницата изнесувала 65.077 денари, потребните средства за покривање на основните трошоци се зголемиле за 4.355 денари. За две години разликата е уште поголема – во септември 2024 година кошницата изнесувала 61.306 денари, што значи дека до септември 2026 година е зголемена за 8.126 денари.

Растот е забележлив и од почетокот на годинава. Во јануари Синдикалната минимална кошница изнесувала 66.413 денари, додека во септември достигна 69.432 денари. Тоа значи дека за девет месеци минималниот потребен семеен буџет се зголемил за 3.019 денари.

Значителен дел од средствата се издвојуваат за храна и пијалаци. За оваа ставка во септември биле потребни 25.259 денари, што претставува 36,4 отсто од вкупната вредност на кошницата.

Од ССМ посочуваат дека Синдикалната минимална кошница ги прикажува минималните трошоци потребни за задоволување на основните потреби на едно четиричлено домаќинство и оти секое зголемување на нејзината вредност претставува дополнителен товар врз семејниот буџет.

Од синдикатот додаваат дека и натаму останува актуелно нивното барање за зголемување на минималната плата, при што укажуваат и на разликите во висината на платите.

Според ССМ, македонскиот работник во моментов има минимална плата од околу 425 евра, додека во земјите од регионот минималните плати се зголемуваат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни