Македонија

Одбиени 252 студенти за дом, еве кои се најчестите причини

Одбиени 252 студенти за дом, еве кои се најчестите причини

Вкупно 252 студенти досега се одбиени на конкурсот за сместување во студентските домови бидејќи не ги исполнувале пропишаните критериуми. Ова го соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во гостувањето на 4ТВ, објаснувајќи ги причините за ваквите одлуки.

Според Јаневска, право на престој имаат исклучиво редовните студенти, додека оние со апсолвентски статус подолг од три години ги губат овие привилегии. Како чест проблем се јавува и поднесувањето некомплетна документација при електронското аплицирање.

„Аплицирањето е целосно дигитализирано и апелирам до студентите да внимаваат кога ги прикачуваат документите. Мора да бидат редовни студенти и да ја достават целата потребна документација за да добијат место“, истакна министерката.

Таа најави дека доколку по сите рокови останат слободни капацитети, Министерството подготвува нов правилник. Со него ќе се овозможи преостанатите места комерцијално да им се понудат на студентите по значително повластени цени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни