Министерот за правда Јетон Шасивари изјави дека подготовката на новиот Кривичен законик е при крај. Вчера заседаваше работната група, а тој очекува во првата недела од октомври нацртот да биде испратен на мислење, не прецизирајќи каде, но најверојатно до европските институции.
Шасивари не откри други детали. Тој посочи дека документот го очекува Брисел и потсети дека крајниот рок за негово доставување, доколку државата сака да обезбеди средства од Европската Унија, е до декември.
Досега имаше неколку обиди да се менува Кривичниот законик, но тие често беа оценети како на штета на правдата и во полза на високата корупција, поради што Европската Унија го вклучи меѓу приоритетните закони што Македонија треба да ги испорача.
Министерот најави дека се работи и на Изборниот законик. За него планира средба со претставници на сите политички партии, бидејќи мора да биде донесен со општ договор.
Постигнувањето таков договор трае со години, бидејќи оние што треба да ги усогласат измените имаат интерес од сегашната состојба. Исклучок е партијата Левица, која поведе судска постапка поради, како што тврди, нерамноправниот третман во политичкото рекламирање и распределбата на средствата — поради, според партијата, скандалозен преседан првпат во историјата на Македонија една партија да биде целосно дискриминирана на избори, додека Уставниот суд и другите надлежни институции останале пасивни, оценувајќи дека сè е во согласност со важечката регулатива.