Македонија

Приведен 63-годишен битолчанец за подметнат пожар во центарот на Скопје

Приведен 63-годишен битолчанец за подметнат пожар во центарот на Скопје

Запалени подземни контејнери на улицата „Максим Горки“; осомничениот забележан и приведен

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле 63-годишниот Б.П. од Битола под сомнение дека подметнал пожар во подземни контејнери на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје.

Според Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал вчера околу 13 часот, во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Осомничениот бил забележан како го потпалува отпадот во подземните контејнери, по што бил лоциран од полицијата.

По преземените мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода околу 13:15 часот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против 63-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава. Причините за пожарот и висината на материјалната штета се утврдуваат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни