Македонија

Германска туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

Германска туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

Седумдесетгодишна државјанка на Германија синоќа била пронајдена почината во хотел на кејот „Македонија“ во Охрид.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид во 23:40 часот. По добиената пријава, на местото на настанот веднаш излегла екипа на Итната медицинска помош, при што дежурниот лекар констатирал смрт кај седумдесетгодишната Б.Х.К.

Првичниот медицински преглед покажал дека на телото на починатата странска државјанка нема траги на насилство.

По овластување на Јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. Со цел точно утврдување на причините за смртта, по наредба на обвинителот, телото на починатата е предено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни