Македонија

Кирацовски: „Рекет“ па „Рекет“ престанете со тоа – „Седи си и ќути си“, му врати сограѓанката Кузмановска

Пратеникот од владеачката СДСМ, од говорницата во Собранието на денешнто продолжение на седницата за избор на нови министри побара да се престане со аферата „Рекет“.

„Дај престанете еднаш веќе со таа афера. „Рекет“ па „Рекет“. Јас ќе ви кажам дека првпат борбата против корупцијата во оваа држава почнува од страна на првиот човек во извршната власт, Зоран Заев, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт“, рече Кирацовски.

По ова од говорницата се обрати и неговата сограѓанка, Кузмановска:

„Најмалку што требаше некој да излезе овде на говорницава да збори на тема ‘Рекет’ сте вие колега. Заради дигнитетот на пратениците, не кажувам во која група спаѓате вие во оваа голема афера што ја тресе власта. Мој совет е кога ќе се спомне ‘Рекет’, да си седите и да си поќутите таму!“, му кажа Кузмановска на сограѓанинот од Битола Кирацовски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни