Македонија

Се уредува планинската патека од Нижо Поле до Брајчино во Националниот парк „Пелистер“

Се уредува планинската патека од Нижо Поле до Брајчино во Националниот парк „Пелистер“

Започнаа теренските активности за целосно уредување на пешачката патека Нижо Поле – Големо Езеро – Брајчино, во вкупна должина од 19 километри.

Проектот опфаќа расчистување на вегетацијата по целата должина, целосно обновување на Кнафелцовата сигнализација и поставување нова зимска маркација на потегот од Нижо Поле до Големо Езеро, преку Дебел Рид. Дополнително, од Големо Езеро ќе се постават нови патокази кон Мало Езеро и врвот Пелистер.

Работите се одвиваат рачно и во отежнати услови поради алпските карактеристики на теренот, при што целата опрема и алат се пренесуваат без помош на механизација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни