Министерството за јавна администрација досега реализирало повеќе од 1.000 генерички обуки за јавни службеници, а од октомври треба да започне нов циклус за уште околу 1.000 лица.
Ова го соопшти министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Минчев рече дека обуките се дел од процесот на професионално усовршување на јавната администрација.
Дополнително, преку Регионалната школа за јавна администрација (RESPA), досега околу 1.200 македонски јавни службеници посетиле обуки и едукативни програми во земјите од регионот.
Според министерот, процесот на доедукација е потребен затоа што работните процеси и потребните знаења постојано се менуваат.
Тој најави дека новата Академија за обука и едукација треба да биде поддржана и од експерти од странство.
„Преку ноќ нема да ни се случи ништо, но процесот е почнат“, рече Минчев.
Министерот додаде дека во изминатиот период биле потпишани и три меморандуми за соработка со странски партнери.