Реформите во јавната администрација ќе донесат поголема доверба кај граѓаните и ќе ги спречат партиските вработувања, зашто Владата ја има потребната политичка волја да ги реализира промените, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Нема никогаш да прифатам став дека немаме капацитет. Капацитет имаме, а оваа Влада од почетокот на мандатот ја докажува и ја спроведува политичката волја, што веќе ги дава и првите резултати. Реформата во јавната администрација е процес кој постојано се движи“, изјави Минчев.
Министерот посочи дека перцепцијата кај луѓето честопати е погрешна кога се оценува работата на државниот сектор.
„За граѓаните, перцепцијата за јавната администрација најчесто се сведува само на службениците кои работат на шалтерите. Но, зад процесот на носење закони и крајното креирање на услугата стојат голем број административци кои вложуваат многу труд за граѓаните да добијат подобра услуга“, нагласи Минчев.
Тој потсети дека ключни закони за департизација и професионализација – како оние за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за формирање Академија за нивна едукација – не биле донесени во изминатите десет години, иако биле обврска. Минчев додаде дека напредокот во реформите е веќе препознаен и потврден од страна на Европската комисија.