Македонија

Минчев: ЗНАМ е подготвено за избори и на следните парламентарни ќе настапи самостојно

Минчев: ЗНАМ е подготвено за избори и на следните парламентарни ќе настапи самостојно

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е целосно подготвено за следното изборно соочување, а нивниот став е на следните парламентарни избори да настапат самостојно, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Минчев посочи дека партијата има стабилно гласачко тело и дополнителен потенцијал за раст на поддршката во сите општини.

„Според вистинските релевантни анкети, а не според оние лажни и нарачани анкети што одредени куќи ги пласираат во јавноста, ЗНАМ го одржува својот стабилен рејтинг и ние сме подготвени да излеземе на избори во секој момент. Дали тие ќе бидат предвремени или редовни се политички одлуки за кои ќе се разговара во рамки на владејачката коалиција, но во овој момент нашиот став е јасен – на следните парламентарни избори да настапиме самостојно“, изјави Минчев.

Тој исто така потсети дека на претходните локални избори излезноста била значително намалена за околу 170.000 граѓани, што укажува на простор и голем резервоар на гласови од граѓани кои во минатото немале можност да гласаат за советнички листи на нивното движење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни