Македонија

Заседава Централниот одбор на СДСМ

Заседава Централниот одбор на СДСМ

Вечерва се одржа седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која се разгледуваат кадровски прашања и актуелната политичка состојба во земјава.

Непосредно пред почетокот на седницата, лидерот на СДСМ Венко Филипче изјави дека на дневен ред се две точки. Првата се однесува на кадровски прашања, а втората на понатамошното политичко дејствување на партијата.

Филипче најави дека ќе го предложи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за потпретседател на СДСМ. За предлогот треба да се изјасни Централниот одбор.

„На вечерашниот состанок на Централниот одбор имаме две крупни точки. Едната се кадровски прашања. Ќе се прошири Централниот одбор со неколку имиња. Ќе го предложам за потпретседател на партијата Горан Герасимовски, нешто што веќе го најавив пред некое време. Треба Централниот одбор да го изгласа“, изјави Филипче.

Втората точка се однесува на актуелните политички состојби и активностите на СДСМ во наредниот период.

Филипче ја критикуваше актуелната власт, обвинувајќи ја дека, како што рече, ја блокира државата и неодговорно ги троши парите на граѓаните.

„Имаме сериозен предизвик, имаме рамковна власт која што целосно нè блокираше. Смета дека им припаѓа правото доминантно да ги трошат парите на граѓаните“, рече лидерот на СДСМ.

Тој најави теренски активности на партијата, како и презентација на нејзиниот „мастерплан“, односно планот за делување доколку граѓаните на следните избори ѝ дадат доверба.

„Планираме теренски активности, планираме презентација на нашиот мастерплан за тоа што доколку граѓаните ни дадат доверба на следните избори“, изјави Филипче.

Од СДСМ потврдија дека станува збор за десетта седница на Централниот одбор. Покрај кадровските решенија, на дневен ред е и разгледување на актуелните политички состојби во државата.

Од партијата најавија дека повеќе детали и конкретните одлуки ќе бидат соопштени по завршувањето на седницата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни