Македонија

Мицкоски се сретна со Вучиќ: Се разговарало за состојбите во регионот и регионалната соработка

Мицкоски се сретна со Вучиќ: Се разговарало за состојбите во регионот и регионалната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Мицкоски за средбата информираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека разговорите биле посветени на актуелните состојби во регионот, добрососедските односи и унапредувањето на меѓусебната соработка.

„На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи“, напиша Мицкоски.

Премиерот посочи дека двете страни продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка.

Како што наведе, фокусот е и на јакнењето на регионалното поврзување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Средбата доаѓа во рамки на дипломатските активности насочени кон унапредување на регионалната соработка и односите меѓу Северна Македонија и Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни