Во делот од интервјуто во „Ноќно студио“ на 4ТВ посветен на актуелните политички превирања, министерот за јавна администрација Горан Минчев упати жестока критика кон поранешната своја партија СДСМ.
„СДСМ во моментов е партија која што е во распаѓање… има национално предамничка улога и политика, дека е партија која што преку своите функционери, додека биле на власт, има силни коруптивни скандали и дека е партија која што сушност е гнездо на одредени функционери за задржување на својата можност за слобода“, изјави Минчев.
Тој оцени дека постојат две групи во партијата кои бараат промени, едната од внатрешноста на организацијата, а другата од поранешни функционери и сегашни критичари. „Дел од нив беа и практикуваа позиција од власт, а дел од нив на вистина не беа во никаква функција“, рече министерот, додавајќи дека вторите имаат поголем легитимитет да бараат смена.
Минчев подвлече дека движењето „ЗНАМ“ (За наша Македонија) е формирано „врз база на една национална платформа која што гарантира постоење на македонскиот јазик, идентитет, народ, култура“. Соочувањето со политичките разлики, според него, треба да биде искрено и на време, „без разлика дали си на власт или во опозиција“.
Тој не пропушти да посочи и дека „многу од тие што велат дека се реформатори, може да ги видите на разни журки во Дубај, луксузни јахти, ресторани“, алудирајќи на дистанцирање на сегашното раководство од вистинските вредности.
Ваквите критики доаѓаат во период на сериозна анализа на внатрепартиските состојби во СДСМ и на политичката сцена воопшто.