Македонија

Мицкоски: Македонските граѓани знаат каде припаѓаат, НАТО, САД и ЕУ се една геополитичка ориентација

Мицкоски: Македонските граѓани знаат каде припаѓаат, НАТО, САД и ЕУ се една геополитичка ориентација

„Македонските граѓани знаат каде припаѓаат“. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, говорејќи за стратешките определби на Северна Македонија.

Мицкоски ги посочи членството во НАТО, стратешкото партнерство со САД и целосното членство во Европската Унија како клучни столбови на надворешнополитичката ориентација на земјата.

„Ова не се три одделни политики. Тие се една геополитичка ориентација“, рече премиерот.

Тој нагласи дека оваа ориентација се темели на демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија.

Според Мицкоски, во услови на глобална неизвесност одговорот на земјата не треба да биде стратешка двосмисленост, туку јасност.

Но, тој истовремено порача дека јасната определба кон сојузниците не значи изолација од државите со различни интереси и политички перспективи.

„Светот нема потреба од уште една поделба на постојани блокови. Потребна е конкуренција со граници и правила што сите мора да ги почитуваат“, порача Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни