По објавениот прилог на ТВ21 во врска со зголемувањето на минималната плата, од министерството за економија дополнуваат дека ќе има зголемување, но точната сума се уште се утврдува.
“Во врска со информацијата изнесена за минималната плата во вашиот прилог, ве известуваме дека покачување на минималната плата е предвидено, но висината не е се уште утврдена бидејќи во тек се консултации со коморите и работодавците”.