Додека високиот ешалон на Владата беше сместе под чадор и седнати на столчиња, голем број од семејстватаа кои ги чекаа ново вработените полицајци на сонце. Еден од нив од големата горештина се онесвести па затоа интервенираше и брзата помош.
Ново вработените полицајци дадоа заклетва дека ќе се борат за државните и граѓанските интереси. Во Центарот за обука во Идризово 500 полициски службеници ги фрлија капите по поминатата едногодишна обука. Еден од нив е и Стефан Стојановски од Тетово.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека вработувањето на новите полицајци е инвестиција за иднината.
Премиерот Зоран Заев посочи дека полицајците имаат благородна функција да обезбедуваат безбедност и сигурност за сите.
Инаку кандидатите за полицајци кои добија работа се млади до 25 години и се подготвени да излезат на терен и работат согласно правилата на МВР.