Македонија

Новите фотоволтаици ќе мора да имаат складирање: РКЕ очекува повеќе батериски системи

Новите фотоволтаици ќе мора да имаат складирање: РКЕ очекува повеќе батериски системи

Новите инвестиции во фотоволтаични централи во Македонија ќе мора да предвидат и складирање на електричната енергија, односно батериски системи.

Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, вели дека согласно новиот Закон за енергетика, за новите инвестиции во фотоволтаични централи е предвидена обврска за складирање во обем од 40 проценти.

Причината е растечката појава на вишоци електрична енергија во периодите со силно сончево производство.

Кога производството ќе ја надмине потрошувачката, системот мора да има механизми за балансирање. Во спротивно, според Ристов, може да се активираат механизми за намалување или исклучување на дел од производството.

Паралелно со батериските системи, Ристов смета дека Македонија треба да размислува и за големи реверзибилни хидроцентрали.

„Нас како држава ни треба природно складиште, не батериско. Тоа природно складиште треба да биде вода“, вели тој.

Идејата е вишокот електрична енергија да се користи за пумпање вода на повисока надморска височина, а акумулираната вода потоа да се користи за производство на електрична енергија во периодите на зголемена потрошувачка.

Ристов посочува дека хидроцентралите имаат дополнителна предност бидејќи можат брзо да реагираат на промените во системот и да помогнат во неговото балансирање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни