Македонија

Просечната плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната нето-плата исплатена во Македонија во јули изнесувала 48.499 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот месец лани, просечната плата е зголемена за 7,1 отсто.

Највисоки просечни примања и во јули имаат вработените во секторот за компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Просечната нето-плата во овој сектор достигнала 111.521 денар.

На второ место е секторот за производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, каде што просечната нето-плата изнесувала 87.040 денари.

Високи просечни примања се регистрирани и во научноистражувачката дејност. Во секторот Научно истражување и развој, просечната нето-плата во јули изнесувала 86.747 денари.

Следуваат финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна нето-плата од 71.568 денари.

На петтото место според висината на просечната нето-плата е секторот Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде што вработените во просек примиле 70.187 денари.

Податоците на ДЗС повторно покажуваат значителни разлики во висината на примањата меѓу различните економски дејности, при што секторот за компјутерско програмирање и сродни дејности и понатаму е на врвот според просечната нето-плата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни