Пожар е пријавен над Боговинско Езеро на Шар Планина, на непристапен терен во близина на граничниот појас меѓу Северна Македонија и Косово.
Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово информира дека пожарот бил пријавен денеска, 4 октомври, во 11:54 часот, од страна на ТППЕ – Тетово.
По пријавата, РЦУК – Тетово го известил ЈП „Национален парк Шар Планина“, од каде што потврдиле дека се запознаени со пожарот.
Според информациите од Националниот парк, огнот зафатил пасишта на непристапен терен, во граничниот појас меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.
Поради тешката пристапност до местото, засега нема да се интервенира, а пожарот ќе биде следен од надлежните служби.
Од Националниот парк информираат дека, според досегашните проценки, пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.