Македонија

Продолжува падот на водостојот на Охридското Езеро

Продолжува падот на водостојот на Охридското Езеро

Охридското Езеро продолжува да бележи постепено намалување на водостојот, кој според последните мерења е само пет сантиметри над повеќегодишниот просек за октомври.

Според податоците на УХМР од 2 октомври, нивото на езерото се наоѓа на 693,36 метри надморска височина. За октомври, повеќегодишниот просек изнесува 693,31 метар.

Во однос на минимално дозволената кота, која е 693,10 метри, актуелното ниво на Охридското Езеро е повисоко за 26 сантиметри.

Поголемо намалување на водостојот било регистрирано во периодот од 11 до 13 август, кога нивото на водата за само два дена се спуштило за 10 сантиметри. По тој период, падот продолжил постепено.

Иако водостојот сè уште се наоѓа над повеќегодишниот просек за октомври, неговото намалување е забележливо и долж крајбрежјето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни