Македонија

Уапсени малолетници од Скопје, извршиле разбојништво и разбојништво во обид

Уапсени малолетници од Скопје, извршиле разбојништво и разбојништво во обид

На 04.10.2026 околу 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шест малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека со закана, при што едниот од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, а од друг малолетник се обиделе да одземат пари.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“ по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни