Петти ден по ред, д-р Дарко Василевски ги минува деновите и ноќите во шатор пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Лекарот и приватен специјализант, кој стапи во штрајк со глад поради институционален молк и наведната дискриминација врз основа на неговата возраст, порачува дека нема да отстапи од својата борба за правда.
„Ова не беше одлука што ја донесов лесно. Протестот не е насочен кон ниту едно лице лично“, истакнува тој, упатувајќи благодарност до сите граѓани и колеги кои му даваат поддршка изминативе денови.
Поводот за овој радикален чекор е последниот оглас за вработување на двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија. Д-р Василевски посочува дека ги исполнувал сите критериуми и бил единствениот кандидат со поминати сите турнуси од специјализацијата по спортска медицина, но повторно бил заобиколен.
Тој тврди дека со години се соочува со неприкладна однос од членови на конкурсните комисии:
- Во 2022 година добил порака дека е „стар“ за академски напредок;
- Во 2023 година неговите години повторно биле тема на интервјуто;
- На последниот оглас во 2026 година, според неговите зборови, член на комисијата директно му рекол: „Ти си 80-то годиште“.
Д-р Василевски останува пред Деканатот 24 часа дневно, барајќи од надлежните конечно да го прекинат молчањето и да ги вреднуваат професионалните квалификации наместо годината на раѓање.