Македонија

Сè уште нема вакцини против грип, од Министерството уверуваат дека работат на нивна набавка

Сè уште нема вакцини против грип, од Министерството уверуваат дека работат на нивна набавка

Вакцините против сезонски грип сè уште не се обезбедени, но од Министерството за здравство велат дека работат на нивна набавка, со цел вакцинацијата на ризичните категории да започне што е можно побрзо.

Причината за доцнењето, според Министерството, е глобален проблем со производството. Оваа година биле променети сите три соеви на вирусот кои се користат во вакцината, поради што производителите подоцна го започнале процесот на производство.

На тендерот за набавка на вакцините во земјава не пристигнала ниту една понуда. Од Министерството информираат дека се во комуникација со земјите од регионот и со меѓународни партнери и очекуваат вакцините да бидат обезбедени во текот на октомври.

Од Министерството потсетуваат дека вакцинацијата е најсигурна заштита од потешки форми на грип и компликации, особено кај постарите лица, хронично болните и бремените жени.

Граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите нови информации поврзани со набавката и почетокот на вакцинацијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни